МИЛОШ МИЛОСАВЉЕВИЌ СО САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА „БАЛКАНСКА ГЕОМЕТРИЈА“ ВО СКОПСКИ МКЦ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Уметникот и професор Милош Милосављевиќ на 5 февруари ќе ја отвори својата самостојна изложба во Младински културен центар во Скопје насловена „Балканска геометрија“.

„Во своите дела, Милош Милосављевиќ преку прецизни линии и слоевити бои ги истражува синтезата на различни култури и наследството на Балканот. ‘Балканска геометрија‘ e циклус слики кои визуелно го доловуваат судирот на традицијата, политиката и општествените промени“, стои во најавата на изложбата, која ќе трае до 15 февруари.

Милосављевиќ го завршил Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што и магистрирал, а денес е професор и декан на Факултетот за дизајн и мултимедија на АУЕ-ФОН.