ЛУЃЕТО КОИ ПРЕТЕЖНО СЕДАТ НА РАБОТА ИМААТ ПОГОЛЕМ РИЗИК ОД НЕСОНИЦА, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКО ИСТРАЖУВАЊЕ

САД, (Си-Ен-Ен)

Луѓето со седечки работни места се соочуваат со значително поголем ризик од несоница, според национална студија во САД.

Истражувањето, кое анализираше податоци од повеќе од 1.000 работници во период од 10 години, испита како дизајнот на работата влијае врз шемите на спиење на вработените. Дизајнот на работа, како што е дефиниран во студијата, вклучува елементи како количината на технологијата што се користи, нивоата на физичка активност и распоредот на работа.

Учесниците ги пријавија своите навики за спиење на почетокот на студијата (од 2004 до 2006) и повторно една деценија подоцна (од 2013 до 2017), користејќи шест индикатори за здрав сон: времетраење на спиењето, редовност, симптоми на несоница, навики за дремење, дневен замор и време потребно да се заспие.

За следење на промените во шемите на спиење во текот на 10 години студијата идентификуваше три категории: луѓе со здрав сон, луѓе со несоница и луѓе кои се будат и презаспиваат.

Работниците со нетрадиционални распореди, особено оние кои работат ноќе, имале 66% поголема веројатност да бидат во категоријата луѓе со здрав сон поради нивните вечерни смени. Деведесет проценти од оние кои имале несоница забележале континуирани симптоми десет години подоцна. Оние кои имаат несоница, исто така, се соочуваат со 72%-88% поголем ризик од кардиоваскуларни болести, дијабетес, депресија и изнемоштеност.