АРМАНИ СЕ ВРАТИ КОН КОРЕНИТЕ СО НОВАТА КОЛЕКЦИЈА НА МОДНАТА НЕДЕЛА ВО МИЛАНО

Милано, (Ројтерс)

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани избра земјени тонови со светкави додатоци за својата најнова женска колекција, претставена на Модната недела во Милано.

Деведесетгодишниот ветеран, чија колекција есен/зима 2025 е насловена „Корени“, го отвори шоуто со златни, песочни, крем и сиви јакни и со модели облечени во широки свилени панталони.

„За Џорџо Армани, секоја колекција е враќање на неговите корени. Оваа сезона облеката е со земјени нијанси кои го симболизираат враќањето кон предците“, се вели во белешките од ревијата.

Од додатоци, моделите носеа капи, ремени, ѓердани и рамни чизми.

(Фото: АФП)