ОМЕГА-3 КИСЕЛИНИТЕ МОЖАТ ДА ГО ЗАБАВАТ СТАРЕЕЊЕTO, ВЕЛАТ ШВАЈЦАРСКИТЕ НАУЧНИЦИ

Швајцарија, (Гардијан)

Дневна доза на омега-3 масти може да го забави процесот на стареење, според ново клиничко испитување направено во Швајцарија.

Омега-3 масните киселини се познати како здрави масти, а нивните моќни антиоксидантни ефекти позитивно влијаат врз здравјето на срцето, мозокот и имунолошкиот систем. Но, и покрај нивните придобивки, истражувањата покажуваат дека повеќето луѓе не добиваат доволно омега-3 преку нивната исхрана, дури и оние кои редовно јадат риба. Ако на вашето тело му недостасува омега-3, може да забележите одредени симптоми.

Ако вашата кожа е црвена, ронлива или чувствителна и покрај употребата на навлажнувачи и серуми, можеби ви недостасува омега-3. Овие масни киселини помагаат во одржувањето на природната заштитна бариера на кожата, спречувајќи ги сувоста и оштетувањето од надворешни фактори.

Омега-3 се клучни за здравјето на мозокот и нервниот систем. Недостатокот може да предизвика тешкотии во концентрацијата и меморијата.
Омега-3 влијае и на хормоните на среќа, серотонин и допамин. Нивниот недостаток може да ги влоши симптомите на депресија и анксиозност.

„Болни и вкочанети зглобови можат да бидат резултат на недостаток на омега-3 масни киселини, кои имаат антиинфламаторно и заштитно дејство врз зглобовите. Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање на овие масти може да го намали воспалението и да ја подобри мобилноста“, вели Хајке Бишоф-Ферари, професор по геријатриска медицина на Универзитетот во Цирих.

Богати со омега- 3 се лососот, скушата, сардините, говедското месо, ленот, чија семињата и јаткастите плодови.

(Фото: Алами)