САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМАЛЕ ЧИСТ ВОЗДУХ ЛАНИ, ОБЈАВИ СЗО

Женева, (Ројтерс)

Само седум држави ги задоволувале стандардите на Светската здравствена организација (СЗО) за квалитет на воздухот минатата година. Задоволителна оценка добиле само Австралија, Нов Зеланд, Бахами, Барбадос, Гренада, Естонија и Исланд.

Чад и Бангладеш биле најзагадените држави во светот во 2024, откако тамошните просечни нивоа на смог биле 15 пати поголеми од препораките на СЗО. Зад нив се Пакистан, Демократска Република Конго и Индија.

Во Индија се наоѓаат 12 од 20-те најзагадени градови во светот, при што на првото место се најде Бирнихат, сместен во силно индустријализираниот дел на земјата. Препорачаните нивоа на СЗО од најмногу пет милиграми ПМ2.5 честички на кубен метар биле забележани во само 17% градови во светот лани.

Фото: Ѓ. Личовски