„ДЕСПАСИТО“ – ПРВА ПЕСНА СО ПЕТ МИЛИЈАРДИ ПРЕГЛЕДИ НА ЈУТЈУБ

Њујорк, (Вараети)

Глобалниот хит на Луис Фонси, „Деспасито“, постави нов дигитален рекорд.

Официјалното видео на песната на шпански јазик, во која учествува и раперот од Порторико, Деди Јенки, ја надмина бројката од пет милијарди прегледи на Јутјуб, станувајќи првата песна во историјата на каналот која успеала во тоа.

До лани, најгледан спот на Јутјуб беше „Гангам стил“ на пејачот Псај од Јужна Кореја, кое моментално е на 3,1 милијарда прегледи. Во декември 2012 година, „Гангам стил“ стана првиот спот со милијарда прегледи на Јутјуб.

„Деспасито“ ја презеде титулата за најгледано видео уште во август и беше број еден на листата на музички спотови на Јутјуб за 2017 година.

Спотот, издаден од „Јуниверзал мјузик латино“, го режираше Карлос Перес, а се снимаше во Сан Хуан, Порторико, во декември 2016 година.