Втора година по ред, „Киа“ ја добива наградата за Светски автомобил на годината. Лани ја однесе титулата со „ЕВ9“, а сега со уште еден електричен модел, „ЕВ3“.
Наградата беше доделена на Њујоршкиот автосаем. „ЕВ3“ притоа ги победи „БМВ Х3“ и „хјундаи инстер“.
„Волво ЕХ90“ беше прогласен за најдобар луксузен автомобил, а „хјундаи инстер“ славеше во категоријата на електрични возила. Уште две награди однесоа електрични автомобили: „сигал“ на кинеската компанија „BYD“ е најдобар урбан автомобил, а „фолксваген ИД.баз“ е возило со најдобар дизајн.