„ВОРНЕР БРОС“ ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ СНИМА РИМЕЈК НА „ТЕЛОХРАНИТЕЛ“, НЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ ЌЕ ЈА НАСЛЕДИ ВИТНИ ХЈУСТОН

Лос Анџелес, (Вараети)

Ворнер брос“ потврди дека ќе снима римејк на „Телохранител“, но засега не е познато кој ќе ги замени Витни Хјустон и Кевин Костнер во главните улоги. Оригиналниот филм заработи над 400 милиони долари и особено остана запаметен по својот саундтрак.

Режисер на римејкот ќе биде Сем Вренч, кој го режираше концертниот филм на Тејлор Свифт за нејзината последна светска турнеја, додека сценарист е Џонатан Абрамс, кој го напиша последниот филм на Клинт Иствуд „Поротник број два“.

Објавен во 1992, „Телохранител“ следи поранешен агент на американската тајна служба кој е ангажиран да заштити аренби ѕвезда, при што двајцата со тек на времето се вљубуваат еден во друг. За потребите на филмот, Хјустон ја обработи „I Will Always Love You“ од Доли Партон, која остана на врвот на американската топ-листа цели 14 недели.