Гитаристот Владимир Василевски- Четкар на 8 мај ќе го промовира својот нов албум „Let Us Be“ во Скопје, со концерт во „Јавна соба“ од 22 часот.
Албумот на Четкар излезе на 19 јануари, на сите дигитални музички платформи во светот. Претходно, тој беше издаден само во Јапонија преку музичката куќа „P-Vine Records“. Ова е четвртиот студиски албум на охридскиот гитарист на кој тој се јавува како комплетен автор (композитор, аранжер, продуцент, текстописец, диригент и изведувач). Албумот е сниман во две студија во Америка, во Чикаго и Милвоки, со гудачки, дувачки и ритам секции.
Пред Четкар, од 21 часот со свој сет ќе настапи диџеј Пејчи. Билетите продаваат преку мрежата на drugastrana.mk