ВТОРАТА СЕЗОНА НА ХИТ-СЕРИЈАТА „ВЕНЗДЕЈ“ ПОЧНУВА НА 6 АВГУСТ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Нетфликс“ го објави првиот трејлер за втората сезона на својата најгледана серија „Венздеј“, која ќе се емитува во два дела. Првите епизоди ќе имаат премиера на 6 август, а вториот дел ќе може да се гледа од 3 септември.

Кон серијата се приклучуваат британската актерка Џоана Ламли и Стив Бушеми, кој го глуми Бери Дорт, новиот директор на академијата Невермор, каде што учи Венздеј Адамс. Ламли се придружува како Хестер Фрамп, бабата и најблизок сојузник на Венздеј.

Во трејлерот се појавува и Кетрин Зита-Џонс како мајката на Венздеј.

Првата сезона на „Венздеј“ стана најголемиот хит на „Нетфликс“ досега и ја промовираше Џена Ортега во голема ѕвезда.