„ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“ ЗАВРШУВА СО ШЕСТАТА СЕЗОНА, СНИМАЊЕТО ПОЧНА ВО ГРЦИЈА

Њујорк, (Би-Би-Си)

Хит-серијата на „Нетфликс“, „Емили во Париз“, завршува со шестата сезона.

„Ви благодариме што ни дозволивте да бидеме дел од вашите животи, инспирирајќи ги вашите соништа за патување и вашата љубов кон Париз“, рече креаторот Дарен Стар.

Популарната серија ја следи извршната директорка од Чикаго, Емили Купер, која ја игра Лили Колинс, додека се справува со работата, романсата, пријателството и модата во Париз.

По шест незаборавни години играње на Емили Купер, тука сум да споделам дека претстојната, шеста сезона ќе биде нашата последна. Таа ќе донесе сè што сакате во серијата и ќе послужи како последно поглавје во авантурата на Емили“, рече Колинс.

Ешли Парк, Лукас Браво, Лусиен Лависконт, Самуел Арнолд и Бруно Гуери ќе ѝ се придружат на Колинс во последната сезона. „Нетфликс“ потврди дека снимањето започнало во Грција, а ќе се снима и во Париз и Монако. Датумот на премиерата не е објавен.

(Фото: Нетфликс)