ПРЕМИЕРАТА НА „РИГОЛЕТО“ ГИ ОТВОРИ МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Со премиерата на операта „Риголето“ од Џузепе Верди, синоќа (9 мај) почна 53. издание на Мајските оперски вечери (МОВ) во Националната опера и балет (НОБ).

Диригент беше Џанлука Мартиненги, режијата е на Пјер Франческо Маестрини (двајцата од Италија), сценограф Гилермо Нова од Шпанија, костимографка Кристина Ачети од Италија, а кореографијата е на Саша Евтимова.

(Фото: К. Попов)

Со Хорот и Оркестарот настапија солистите Леон Ким како Риголето, Марио Баг како Војводата од Мантова (двајцата од Јужна Кореја), Ана Дурловски како Гилда и Игор Дурловски како Спарафучиле, а во другите улоги: Николина Јаневска, Владимир Саздовски, Драган Ампов, Јане Дунимаглоски, Александра Лазаровска-Василевски, Диме Петров, Марика Поповиќ и Десанка Глигоријевиќ.

(Фото: К. Попов)

До 31 мај, на Мајските оперски вечери ќе се изведат и „Лебедово езеро“ (15 мај), „Набуко“ (19 мај), „Мадам Батерфлај“ (23 мај) и „Турандот“ (27 мај), а затворањето традиционално е со „Аида“.

(Фото: К. ПОПОВ)

 

(Фото: К. Попов)

 

Вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерката за образование и наука Весна Јаневска на свеченото отворање. (Фото: К. Попов)

 

Меѓу гостите и државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. (Фото: К. Попов)

 

Режисерот Антонио Митриќески (Фото: К. Попов)