Владо Јаневски ќе одржи концерт во Охрид на 8 август во Античкиот театар, објави продукција „Прагма“.
Канатвторот ќе ги пее своите најголеми хитови како „Црно Тиквешко“, „Евергрин“, „Некогаш и Негде“, „Тајна отровна“ и многу други.
Лани, Владо Јаневски одржа концерт на истото место со бенд од искусни и познати музичари.
„Мислам дека досега сум имал 3 или 4 концерти во Античкиот театар, во просек на секои 6-7 години му доаѓа ред. Местото има посебна магија поради самата конструкција, безгрижна летна атмосфера, топли августовски вечери“, ни рече Јаневски пред ланскиот концерт.
Билетите се продаваат преку мрежата на Купи карта.