На 17 мај од 21 часот во барот „Ла Кања“ настапува француската пејачка на шансони со мароканско потекло Софиа Џебел Роуз.
„Нејзините песни ја евоцираат моќта на шумите, водите, годишните времиња, смртта, љубовта и бунтот“, велат организаторите.
На настапот во Скопје, Роуз ќе пее песни од новиот албум „Суша“ (Sécheresse).
Концертот е дел од серијалот „Нова пролет“, со кој Канал 103 одбележува 34 години постоење.