„РИТУАЛИ“, НОВ СИНГЛ НА ПЕЈАЧКАТА ЛУНА КАКО НАЈАВА НА АЛБУМОТ СО 15 ПЕСНИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Луна го промовираше новиот сингл „Ритуали“, како најава на нејзиниот прв студиски албум „Атлас“, кој има 15 песни. Албумот е снимен во соработка со продуцентот Лазар Цветкоски.

„Возбудена сум што конечно ја споделувам музиката на која работев подолго време. На албумот ‘Атлас’ има 15 песни. Секоја е различна и носи своја емоција. Посебно е чувството кога си автор на своите песни. Оваа година имав чест да соработувам со познати музичари од нашата естрада кои неизмерно ги почитувам, како Лозано, Пајак, Антониа Гиговска и Александра Јанева. Во периодот што следува ќе слушате многу моја музика“, вели пејачката.

Паралелно со песната беше објавен и видеоспот, во режија на Стеди Флоу. Луна вели дека во наредниот период ќе бидат промовирани и останатите 14 песни.