Роби Вилијамс објави дека неговиот нов албум насловен „Бритпоп“ ќе излезе наесен, а го најави со синглот „Ракета“. На песната гостува легендарниот гитарист на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, кој го отсвирел солото.
Насловот на албумот алудира на музичкиот правец кој беше на врвот на популарноста во 1990-тите со бендови како „Блур“, „Палп“ и „Оејзис“.
„Решив да создадам албум што сакав да го напишам и објавам по заминувањето од ‘Тејк дет‘ во 1995. На овој албум соработував со некои од моите идоли, има повеќе гитари и повесел е“, напиша Вилијамс на Инстаграм.
Албумот, неговиот прв од 2019, ќе биде проследен со европска турнеја, во рамките на која ќе настапи и во соседството, но само во Софија.
(Фото: Гети)