На 30 јуни од 21 часот, oркестарот на Филхармонијата ќе гостува во Солун, во заедничка изведба на сценската канатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф со Софиската филхармонија и Државниот симфониски оркестар од Солун. Концертрот ќе се одржи во Концертната сала во Солун.
Диригент ќе биде Михалис Иконому од Грција, а како солисти ќе настапат македонската сопранистка Ана Дурловски, бугарскиот баритон Иво Јорданов и контра тенорот Николас Спанос од Грција.
„Ова е втора изведба на ‘Кармина Бурана’, по премиерата во Софија во февруари, која беше проследена со овации од публиката“, велат од Филхармонијата.
„Кармина Бурана“ е едно од најголемите музичко-сценски дела на 20 век. Премиерно е изведена во 1937 во Германија. Вклучува хор, солисти, богата оркестрација и драматично сценско дејство.
Фото: В. Балевска