Пијанистот со светски успеси Симон Трпчески ќе прослави 25 години кариера со концерт во Скопје на 20 декември, што ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, објави лпродукцијата „Прагма“.
„Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност и традиција.. Заедно со квинтетот ‘Македонисимо’ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите“, велат од „Прагма“.
Трпчески одржа полн концерт лани пред Нова година во истата сала, свирејќи новогодишна и божиќна музика со неколкумина гости, меѓу кои и неговата ќерка Лара и Андријана Јаневска.
Билетите за концертот се продаваат преку мрежата на kupikarta.com.