КУЛТНИОТ ДРОН/ДУМ МЕТАЛ БЕНД „SUNN O)))“ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ ВО ОКТОМВРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Култниот американски дрон/дум метал бенд „Sunn O)))“ (Сун) ќе ја посети и Македонија на својата есенска европска турнеја. Концертот ќе се одржи на 21 октомври во Младински културен центар во Скопје.

Бендот официјално е дуо и од своите почетоци во 1998 година се состои од Грег Андерсон и Стивен О‘Мали, кои свират и гитара и бас гитара. Досега имаат објавено десет студиски албуми.

Сун“ се смета за еден од предводниците на својот жанр, кој се карактеризира со долги песни и бавен и тежок звук, а концертите со мрачен и бучен амбиент.