Џенифер Анистон ќе глуми во новата серија „Мило ми е што умре мајка ми“ (I’m Glad My Mom Died), заснована врз истоимените мемоари на Џенет Мекарди, кои беа на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“.
„Мемоарите се срцепарателно и урнебесно раскажување за борбите на Џенет Мекарди како поранешна детска актерка додека се справува со нејзината доминантна мајка“, велат од стриминг платформата „Епл ТВ“.
Приказната ќе се фокусира на врската помеѓу 18-годишна актерка во популарна детска серија и нејзината нарцисоидна мајка која ужива во својот идентитет како „мајка на ѕвезда“. Анистон ќе ја игра мајката.
Мекарди се прослави со улогата на Сем Пакет во ситкомот „iCarly“. Нејзините мемоари беа објавени во 2022. Таа е сценаристка, продуцентка и режисерка на новата серија заедно со Ари Качер, а Анистон е и извршна продуцентка.
(Фото: Гети)