ДЕЈВ БАУТИСТА ЌЕ ГО ИГРА КРАТОС ВО СЕРИЈАТА „БОГ НА ВОЈНАТА“

САД, (Би-Би-Си)

Актерот и поранешен кечер Дејв Баутиста ќе ја игра главната улога во ТВ-серијата „Бог на војната“, адаптација на популарната серија видеоигри за Плејстејшн.

Баутиста ќе го игра Кратос, откако Рајан Херст морал да се повлече од улогата поради повреда. Баутиста, за кого веќе неколку недели се зборуваше дека ќе ја добие улогата, ја потврди веста објавувајќи фотографија од Кратос на Инстаграм. Според „Дедлајн“, снимањето ќе почне од почеток подоцна годинава.

„Бог на војната“ е една од најпопуларните франшизи на Сони, чија прва игра излезе во 2005. Приказната го следи Кратос, полубог кој станува бог, а поновите игри се инспирирани од нордиската митологија. Во серијата, Кратос и неговиот син Атреус тргнуваат на патување за да ја исполнат последната желба на неговата почината сопруга и да ја расфрлат нејзината пепел.

Баутиста (57) изгради успешна актерска кариера по повлекувањето од професионалното борење во 2019. Најпознат е по улогата на Дракс во филмовите на Марвел, а играше и во „Дина“, „Дина: Втор дел“, „Спектра“, „Армија на мртвите“ и детективскиот филм „Стаклен кромид: Мистерија со извадени ножеви“.