Виолончелистката од Хрватска Ана Руцнер за првпат ќе свири во Македонија, како гостинка на концертот на Битолскиот камерен оркестар, „Цветна симфонија“, кој ќе се одржи на 30 јули во античкиот локалитет Хераклеjа од 21 часот.
Ана Руцнер е музичарка со повеќе од 1.000 настапи во над 30 земји ширум светот. Добитничка е на над 30 хрватски и меѓународни признанија, а настапувала и со Хосе Карерас. Руцнер, која е поранешна сопруга на пејачот Владо Калембер, често настапува и во Кина. Таа беше дел од Глобалната новогодишна гала вечер во Пекинг со над 150 милиони гледачи.
Како солистки ќе настапат и сопранистките Виолета Арсовска, Јаворка Витанова и Зана Абази-Тамадани од Косово и мецосопранот Марина Коруновска.
„Од почетокот на годината одржавме седум концерти, а до крајот на сезоната планираме уште 12“, велат од Битолскиот камерен оркестар.
Билетите се продаваат преку мрежата на yournextevent.info.
Ж. ЗДРАВКОВСКА
Фото: Фејсбук