Актерката Хелен Мирен изјави дека, иако е феминистка, смета оти Џејмс Бонд треба да го игра маж.
Во ново интервју за списанието „Сага“, оскаровката изјави: „Не може да е жена. Едноставно не функционира. Џејмс Бонд мора да биде Џејмс Бонд, инаку станува нешто друго“.
„Амазон МГМ Студиос“ ќе ја продуцира следната верзија на шпионската франшиза, а авторот на „Пики Блајндерс“, Стивен Најт, ќе го напише 26. филм во серијата.
Американската продукциска и дистрибутивна компанија претходно изјави дека планира „свеж“ пристап кон франшизата, но ќе го почитува „наследството“ на „култниот лик“.
Хелен Мирен (80), моментално глуми со поранешниот актер на Џејмс Бонд, Пирс Броснан, во долгоочекуваната филмска адаптација на „Клубот за убиства во четврток“, каде игра пензионирана шпионка.
72-годишниот Броснан, исто така рече дека верува оти актер треба да продолжи да го игра Бонд и дека е возбуден што „гледа сосема нова еуфорија и живот за овој лик“.
Тој глумеше во четири филма за Бонд од 1995 до 2002.
Двајцата актери не се првите што се спротивставуваат на идејата жена да го игра Бонд.
Зборувајќи на Канскиот филмски фестивал во мај, Хали Бери, која исто така глумеше во еден од филмовите за Бонд рече: „Во 2025, убаво е да се каже: ‘О, таа треба да биде жена’. Но, навистина не знам дали мислам дека тоа е правилното нешто што треба да се направи.“
Франшизата за Џејмс Бонд беше во сопственост на семејството Броколи повеќе од 60 години, но продуцентите Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон ја продадоа креативната контрола на „Амазон“ за 1 милијарда долари претходно оваа година.
Се шпекулира дека британските актери Арон Тејлор-Џонсон и Џејмс Нортон се фаворити за улогата.
Во моментов нема датум кога е излезе следниот филм.
(Фото: Гети)