Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон ја напуштија болницата „Сент Мери“ во Лондон неколку часа откако таа го роди нивното трето дете, за првпат покажувајќи го бебето во јавност.
Новиот принц се роди денеска на пладне и сѐ уште нема име, додека палатата Кенсингтон објави дека сите се добро.
Тие излегоа од болницата околу 19 часот, при што беа поздравени од присутните луѓе, од кои некои два дена кампуваа во близина. Потоа со автомобил се упатија кон палатата Кенсингтон.
Оттаму кажаа дека името на бебето, кое секако ќе биде традиционално, ќе биде објавено во скоро време, а како најпопуларни имиња фигурираат Артур, Алберт, Фредерик, Џејмс и Филип.