„ЕВОЛУЦИЈА НА СОНОТ“ – УРБАН ФЕСТИВАЛ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СО УМЕТНИЦИ ОД ПОРТУГАЛИЈА, БРАЗИЛ, ИТАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Од 11 до 13 септември во реонскиот парк во скопската населба Ѓорче Петров ќе се одржи урбаниот фестивал „Еволуција на сонот“. Ќе учествуваат уметници од Португалија, Бразил и Италија, на чело со основачот на уметничкото движење „Паломарт“ од Неапол, Антонио Палумбо.

„Во следните два дена ќе биде истакната урбаната скопска култура и улична уметност, а на последниот ден ќе настапат бендовите ‘Пијан славеј’ и ‘Џун‘“, велат организаторите.

Фестивалот ќе трае три дена во паркот во Ѓорче Петров (Фото: Фесјбук)

Најавено е присуството на амбасадорот на Португалија во Србија, Хозе Руи Велез Каросо и на амбасадорот на Италија во Скопје, Паоло Палминтиери, кои дадоа поддршка на фестивалот.

„Еволуција на сонот“ започна во 2016, кога стара дебармаалска куќа на Рузвелтова беше наполнета со уметност пред да биде срушена. Ова е трето издание на фестивалот, но прво во форма на урбан фестивал.