СО ПЕСНИ СО ФОЛКЛОРНИ МОТИВИ, СЕ ОДРЖА 17. ИЗДАНИЕ НА ДЕТСКИОТ ФЕСТИВАЛ „СОНАТА“ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Детскиот музички фестивал „Соната“ по 17. пат се одржа во Центарот за култура во Ѓорче Петров. Фестивалот за првпат имаше посебна програма за учениците од сите шест основни училишта во Општината.

Се пееја детски песни со фолклорни мотиви, како и песни со едукативна и забавна содржина. Програмата започна со песната „Македонија, земја библиска“, во чест на 35-годишнината од независноста.

Основачи и организатори на „Соната“ се наставниците Александар Китевски и Розета Дулевска, кои се автори на песни за детските фестивали „Златно славејче“, „Весело штурче“ и „Ѕвездички“.

„Со 17-годишната традиција, фестивалот продолжува да ја негува детската песна и да им ја доближува музиката на најмладите“, велат организаторите.