Првото издание на метал фестивалот „Скопје фјури“ (Skopje Fury) ќе се одржи денеска (13 септември) во паркот зад Младински културен центар.
Ова е прв метал фестивал на отворено во Скопје и целосната програма ќе трае од 13 часот до полноќ, а ќе настапат шест бенда од четири држави.
Загревањето за главниот настан ќе трае од 13 до 17 часот, кога музика ќе пуштаат Каљо и Шизик, фронтмените на групите „Трендкил“ и „Скалкраш“. Главната бина се отвора во 18:30 часот со настапот на младиот домашен бенд „Карма скејл“.
Во продолжението ќе свират „Примитив дред“ и „Шок труперс“ од Македонија, „Bio-Cancer“ од Грција, еден од водечките регионални блек метал бендови „The Stone“ од Србија (фото) и за крај, италијанскиот дет метал бенд „Hideous Divinity“.
Организатор на фестивалот е „Терорвоид“.
Г. КОНЕВ
(Фото: Фејсбук)