ФИЛМОВИТЕ „БУНТ НА КУКЛИТЕ“ И „ХАЈ-ФАЈ“ НА 21 СЕПТЕМВРИ ВО ПАРКОТ ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонските филмови „Бунт на куклите“ на Димитрије Османли и „Хај-Фај“ (фото) на Владимир Блажевски ќе се прикажат на 21 септември од 19:30 часот во реонскиот парк во Ѓорче Петров како дел од манифестацијата Културно лето Ѓорче Петров.

Во рамките на истата манифестација, утре (18 септември) започнува тридневниот фестивал на пивото „Октобарфест“, кога ќе настапат женскиот хор „Фрида“, кој го води Сузана Турунџиева, „Контра план“, „Куку леле“ и диџејот Александар Јордановски. На 19 септември настапуваат поп-пејачот Даниел Дан и Дани Димитровска.

На 20 септември напладне, концерт за деца ќе одржи Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет, а од 13 часот е детската интерактивна претстава „Фамилија Металковци“. Во вечерниот дел од програмата ќе настапат квартетот тромбони „Макбрас“, „Акустик солушнс“, поп-пејачот Огнен Здравковски и дуото „2Бона“.