ВО ПАТИКИ И ШТИКЛИ НА ЦРВЕНИОТ ТЕПИХ НА ОТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

Битола, (СМАРТ СДК.МК)

Од елегантни тоалети и високи потпетици до опуштени комбинации со патики имаше на црвениот тепих на синоќешното отворање на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Кај облеката превладуваше црно-белата комбинација, иако имаше и поживи бои. Дел од моделите беа екстравагантни, дизајнирани од модни креатори, а некои како за секојдневно вечерно излегување.

Сепак, бројот на гости кои дефилираат на црвениот тепих секоја година е сѐ помал, но и натаму останува симболика на Фестивалот.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

Фото: СМАРТ СДК.МК