РИЈАНА ГО РОДИ ТРЕТОТО ДЕТЕ, ЌЕРКАТА РОКИ ГО ДОБИ УМЕТНИЧКОТО ИМЕ НА ТАТКО Ѝ

САД, (Би-Би-Си)

Поп-ѕвездата Ријана објави дека родила девојче. Ова е нејзино трето дете со партнерот АСАП Роки. Бебето го доби уметничкото име на нејзиниот татко.

„Роки Ајриш Мајерс е родена на 13 септември“, објави пејачката на Инстаграм, со фотографија од неа како ја гушка својата ќерка.

Двојката, која ги има и синовите Рајот и РЗА, ја објави третата бременост на Ријана на овогодинешната Мет гала.

Пред неколку недели, пејачката родена на Барбадос, чие вистинско име е Робин Фенти, прослави 20 години од објавувањето на својот прв албум. Помина нешто помалку од една деценија од нејзиниот последен албум. Во тој период, Ријана започна повеќе бизниси, вклучувајќи популарна линија за шминка и компанија за долна облека. Нето вредноста на 37-годишната пејачка е проценета од „Форбс“ на над милијарда долари.

(Фото: Гети)