ХЕВИ МЕТАЛ БЕНДОТ „ЏУДАС ПРИСТ“ ОБЈАВИ ПЕСНА ВО КОЈА СВИРИ ОЗИ ОЗБОРН, ЗА ПОМОШ НА ЛИЦАТА СО ПАРКИНСОВА БОЛЕСТ

САД, (Би-Би-Си)

Хеви метал бендот „Џудас Прист“ објави сингл за добротворни цели во кој учествува покојниот Ози Озборн за да собере пари за лицата кои се борат со Паркинсонова болест.

На поранешниот фронтмен на „Блек Сабат“ му беше дијагностицирана дегенеративна невролошка состојба во 2019, а почина во јули годинава, неколку недели по прошталниот настап во Астон Вила.

„Џудас Прист“ кои се формираа во Бирмингем во 1969, снимија нова верзија на песна од „Блек Сабат“, откако не можеа да настапат на концертот поради претходни обврски.

Членот на бендот Глен Типтон, на кого му е дијагностицирана Паркинсонова болест, свири гитара со Роб Халфорд и Озборн.
Озборн и неговите колеги, оригинални членови на „Блек Сабат“, Тони Ајоми, Теренс Гизер Батлер и Бил Ворд, беа последните што се појавија на сцената како дел од ѕвездената постава за концертот „Назад кон почетокот“ во јули.

Меѓу другите бендови што настапија беа „Антракс“, „Металика“ и „Ганс ен Роузис“.

 

Фото: Гети