КОНЦЕРТ НА КВАРТЕТОТ НА ПЛАМЕНКА ТРАЈКОВСКА ВО ДЕБАР

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Гудачкиот квартет на Пламенка Трајковска денеска (30 септември) од 20:30 часот ќе одржи концерт во Домот на културата во Дебар насловен „Валцери и полки од Штраус“. На програмата се познати дела од класичниот репертоар на Штраус како одбележување на 200 години од неговото раѓање.

Овој квартет е еден од најактивните камерни состави кај нас. Изминатиот период имаше концерти во Софија, Созопол и Велес и го промовираше новиот сингл „Балкан сонг 11“. Претходно одржа концерти во Хрватска, Србија, Грција, Франција, Танзанија и Турција.