На 4 октомври во Музејот на современата уметност во Скопје (18 часот) ќе се одбележи светскиот ден на виното „вранец“.
„Овогодинешниот настан ќе ги собере производителите на ‘вранец’ од целиот регион, заедно со реномирани познавачи на вино и страствени ентузијасти од целиот свет. Заедно ќе ги истакнеме овие извонредни вина, покажувајќи ги нивните длабочина, карактер и потенцијал за глобално признание“, велат организаторите.
Винскиот салон по седми пат го организира здружението „Вина од Македонија“.
(Фото: Фејсбук)