СИМОН ТРПЧЕСКИ ОДРЖА ТРИ КОНЦЕРТИ ВО ЦЕНТАРОТ „КЕНЕДИ“ ВО ВАШИНГТОН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Симон Трпчески одржа три успешни концерти во центарот „Кенеди“ во Вашингтон на 2, 3 и 4 октомври како солист на Националниот симфониски оркестар на Вашингтон, заедно со неговиот шеф-диригент Џанандреа Нозеда. Трпчески го свиреше Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс. 

Следниот настан за македонскиот пијано виртуоз е рецитал во Филхармонијата на Монте Карло, каде што ќе го изведе Пијано концертот број 1 на Чајковски. Потоа со проектот „Македонисимо“ ќе гостува во Хонгконг. До крајот на месецов Трпчески ќе свири со Кралскиот филхармониски оркестар на Шпанија во Сарагоса и Мадрид. Тој ќе биде солист во изведбата на Третиот концерт за пијано и оркестар од Сергеј Прокофјев.