„К-15“ ИЗДАДОА ПЛОЧА СО НАЈГОЛЕМИТЕ ХИТОВИ НА „ДУО ТРИО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо- Каров познати како „Дуо трио“ издадоа плоча со најголемите хитови на триото кои беа испеани во познатото шоу „К-15“.

„Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева,“ „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да веслам“, „Маде ин“ и „Градинарот“ се песните на плочата.

„Ова е прв винил со две предни страни, велат од „К-15“. За оние кои нарачуваат онлајн преку Дурис.мк има можност нивното име да биде испечатено на внатрешната корица на винилот.

„К-15“ одржаа три концерти во мај во салата „Борис Трајковски“ со кои одбележаа 30 години од почетокот на култното шоу.

Во живо, триото глумеше дел од старите легендарни скечеви како оној со Струшките ручеци на поезијата, скечот „со кичмата“, со Комитите и многу други. Шоуто го режираше Синиша Ефтимов, а Џијан Емин диригираше со оркестарот кој ги следеше во песните од „Дуо трио“.