Џенифер Анистон не сака да посвојува деца и покрај нејзините проблеми со неплодноста. Во интервју за еден подкаст, Анистон (56) објасни зошто никогаш не била заинтересирана за посвојување.
Актерката претходно отворено зборуваше за своите проблеми со неплодноста и дека веќе не размислува за бременост.
Темата за посвојување се појави откако ководителката на подкастот Моника Падман зборуваше за нејзиното искуство со замрзнувањето на јајце-клетки. Откако Падман рече дека е неодлучна дали сака да има деца, забележувајќи дека „можеби е во ред што не сака“, ја праша Анистон дали размислува за истото.
„Буквално нема ништо што можам да направам во врска со тоа. Кога луѓето велат дека можеме да посвоиме, јас не сакам да посвојам. Сакам моја ДНК во мало лице. Тоа е единствениот начин, себичен или не, што и да е тоа, јас така сакам“, рече актерката.