Поранешната тенисерка Ана Курникова е бремена и го очекува четвртото дете со пејачот Енрике Иглесијас.
Курникова (44) објави слика на Инстаграм од неа и трите деца облечени за излет за Ноќта на вештерките. Таа е маскирана заедно со ќерките Луси (7) и Мери (5) и синот Николас (7).
Во август, извор за „Пипл“ рече дека Курникова и Иглесијас (50) го очекуваат своето четврто дете.
„Ана и Енрике се многу среќни што ќе имаат дете. Тие уживаат во активностите со децата“, рече изворот.
Курниковa, која ја заврши кариерата во 2003, ја започнала врската со Иглесијас во 2001 откако се појави во еден негов спот, но никогаш не се венчаа.