НОВ ДУЕТ НА ЈОВАН ЈОВАНОВ И ЕЛВИР МЕКИЌ ПО 16 ГОДИНИ ПАУЗА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачите Јован Јованов и Елвир Мекиќ снимија заедничка песна насловена „Адреналин“. Дуетот доаѓа 16 години по нивниот претходен заеднички сингл „Слаба точка“.

Мекиќ и Јованов објавија тизер за песната, која ќе се промовира на 1 ноември во 15 часот на дигиталните платформи, а автори се двајцата.

„Ќе почнете да играте во нејзин ритам уште на првото слушање на песната“, велат пејачите, кои се и приватно добри пријатели.

Јован Јованов долги години живее во Канада и пишува музика за тамошни пејачи. Во Македонија дојде со ќерката поради фестивалот Макфест, каде што е креативен директор и настапи по повод 40-годишниот јубилеј. Елвир Мекиќ живее во Сараево со сопругата и синот.