ВМРО-ДПМНЕ ПОБЕДИ ВО 54 ОПШТИНИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, „ВРЕДИ“ ВО ДЕВЕТ, СДСМ ВО ШЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

ВМРО-ДПМНЕ прогласи голема победа на осмите локални избори, а во вчерашниот втор круг доби и градоначалник на Скопје.

  • Владејачката партија победи во уште 22 општини во вториот круг на гласањето и во следните четири години ќе има градоначалник во 54 општини, 12 повеќе од претходните избори во 2021.
  • ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта и во Карпош, Валандово, Дојран, Кичево и Град Скопје, каде што Орце Ѓорѓиевски го победи кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, со 34.000 гласови повеќе.
  • СДСМ ќе има градоначалник во шест општини, десет помалку од досега, „Вреди“ во девет, а Националната алијанса за интеграција во четири.
  • Максим Димитриевски од ЗНАМ останува градоначалник на Куманово, кандидатот на Унија на Роми победи во Шуто Оризари, а Менди Ќура победи во Струга како независен кандидат.
  • Во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово-Ростуше ќе има ново гласање откако во првиот круг не беше постигната потребната излезност.
  • Излезноста во вториот круг беше 40,46%.

Фото: К. Попов