КОНЦЕРТ НА ХРВАТСКАТА ПЕЈАЧКА ВЕСНА ПИСАРОВИЌ НА 28 МАРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Хрватската пејачка Весна Писаровиќ ќе одржи концерт во Скопје на 28 март 2026 во Филхармонијата, објави продукцијата „Евентум“.

Дел од песните по кои е позната Писаровиќ е хрватската верзија на хитот „Љубовта е моја религија“, која таа ја сними со Владо Јаневски, авторот на песната.

Пејачката по неколку години живот во Берлин, каде што се посвети на џез музиката, повторно почна да работи на поп музика и да одржува концерти во регионот.

„Многу сум возбудена што конечно ќе пеам во Скопје. Македонија отсекогаш била земја со прекрасна публика и голема љубов кон музиката. Верувам дека оваа вечер ќе биде посебна, исполнета со емоции, спомени и топлина. Едвај чекам да се сретнеме и да ги отпееме песните кои нѐ поврзаа сите овие години“, вели Весна Писаровиќ, Билетите за концертот се во продажба преку sountix.com