Бадемите, оревите и ф’стаците се трите најдобри јаткасти плодови за функцијата на црниот дроб, благодарение на нивните богати хранливи материи кои го подобдруваат здравјето на црниот дроб, според експертите, но треба да се јадат умерено.
Студија објавена во Националната медицинска библиотека на САД вели дека редовното јадење јаткасти плодови може да помогне во намалувањето на нивоата на ензимите на црниот дроб, намалувањето на ризикот од неалкохолна масна болест на црниот дроб, па дури и во спречувањето на појавата на хепатитис.
Бадемите се полни со витамин Е, здрави масти и антиоксиданси, кои се корисни за функцијата на црниот дроб. Овие хранливи материи придонесуваат за одржување на оптималното здравје на црниот дроб.
Оревите се одличен извор на омега-3 масни киселини кои имаат антиинфламаторни својства кои се корисни за црниот дроб. Омега-3 масните киселини помагаат во намалувањето на воспалението на црниот дроб.
Покрај омега-3, оревите се богати со антиоксиданси, кои ги штитат клетките на црниот дроб од оштетување. Редовното јадење ореви, во умерени количини, може да помогне во зачувувањето на здравјето на црниот дроб и во намалувањето на воспалението, придонесувајќи за целокупната функција на црниот дроб.
Студија објавена во списанието „Нутриентс“ вели дека јадењето ф’стаци може да го подобри метаболизмот на липидите со регулирање на гените поврзани со метаболизмот на мастите во црниот дроб и масното ткиво. Ф’стаците се исто така богати со антиоксиданси, кои ги штитат клетките на црниот дроб од оштетување предизвикано од слободни радикали и пероксидација на липиди, процес што придонесува за оштетување на црниот дроб и бубрезите.