КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР „ПРОФУНДИС“ ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ ПОД СВЕЌИ СО ВИОЛОНЧЕЛИСТОТ ПЕТАР ПЕЈЧИЌ НА 29 НОЕМВРИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
На 29 ноември од 20 часот, камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт под свеќи во Филхармонијата, со младиот српски виолончелист Петар Пејчиќ како солист. Диригентка е Ѓурѓица Дашиќ, а концертот го организира Охридско лето.
„Профундис“ требаше да одржи ваков концерт на 22 март, но го одложи поради пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Пејчиќ е финалист на англискиот меѓународен натпревар „Кралица Елизабета“. Настапувал со некои од најпрестижните оркестри во Европа, меѓу кои Симфонискиот оркестар на Би-Би-Си, Бриселската филхармонија и Хелсиншката филхармонија.
На 12 април лани, „Профундис“ одржа уникатен концерт во Филхармонијата со илјадници (вештачки) свеќи поставени на сцената. Ваквите концерти се тренд во светот.
Билетите се продаваат преку мрежата на karti.com.mk.