СРПСКАТА АКТЕРКА АНИЦА ДОБРА ГОСТИНКА НА СИНЕДЕЈС ЗА ФИЛМОТ „БЕЛО СЕ ПЕРЕ НА ДЕВЕДЕСEТ“

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Денес (8 декември) на 24. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс, во киното Фросина (Младински културен центар), во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Бело се пере на деведесет” на словенечкиот режисер Марко Набершник, во кој главната улога ја има легендарната српска актерка Аница Добра, која е и гостинка на вечерашната проекција.

Филмот е македонска копродукција, каде учесник е продукцијата „Црна мачка“ од Скопје и продуцентот Томи Салковски. Снимен е по словенечкиот автобиографски бестселер на новинарката и писателка Броња Жакељ.

По таа проекција, во киното ќе биде прикажан музичкиот документрен филм „Фанк-ЈУ” во режија на Бранко Дујмиќ, посветен на југословенската фанк сцена.

Во Денсинг салата со почеток од 19 часот, следи филмот кој ги освои регионалните киносали, филмот за легендарниот хрватски музички состав „Хаустор” со наслов „Трет свет” во режија на Арсен Оремовиќ, каде гостин е режисерот на филмот.

Од останатите филмови на вечерашниот репертоар на фестивалот, следи и „Тајниот агент” во режија на Мендоса Фило, во 21 часот во салата 25 мај, филм кој беше номиниран за наградата Златна палма на годинашниот Кански филмски фестивал, како и кратки филмови и филмови од натпреварувачките селеции.