„ТРИ НЕДЕЛИ ПОДОЦНА“ НА ТЕРЗИЌ ГО ОТВОРА 11. ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ КИНЕНОВА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)

Единаесетотто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова почнува на 14 октомври под мотото „На прво светло’, а отворањето е во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со новиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“, а во главната онкуренција се 6 филма, додека во селекцијата за дебитанти се 4 први кратки филма на македонски режисери.

Годинешен лауреат на Киненова е турскиот режисер Емин Алпер, кој е и претседател на жирито заедно со Александра Максимовиќ од Хрватска и македонскиот режисер Гоце Цветановски. За филмот „Спасение“ Алпер доби Сребрена мечка на годинешното Берлинале, а на Киненова ќе биде прикажан неговиот прв филм „Зад ридот“ од 2012 за кој на Берлинале доби две награди.

„Публиката ги сака моите филмови бидејќи во нив ги портретирам обичните луѓе од социолошки и психолошки аспект, а во исто време сакам да го потенцирам конфликтот кој во последниве години е многу изразен во секое општество, но и во светот и авторитарните режими претставуваат сѐ поголема опасност за обичниот човек и за неговото секојдневие и егзистенција. Почетоците на приказната потекнуваат од различни инспирации, но најпрво ја поставувам приказната, а потоа ги градам ликовите, но се обидувам да го најдам вистинскиот лик во приказната кој точно ќе го иницира почетокот зошто почнал да ја гради приказната и да го пишува сценариото за тој филм. Се обидувам да ги внесам во некои актуелности, бидејќи секогаш ме интересирале големите конфликти“, рече Алпер.
Годинава земја во фокус е Албанија со три филма.

Фото: Емин Алпер (десно) на прес-конференцијата во Скопје.