ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕРТ НА МАРТИН ЏОРЛЕВ, НИНОСЛАВ СПИРОВСКИ И МАРТИН ГЕОРГИЕВСКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (11 декември) од 20 часот, во социјалниот центар „Дуња“ во Скопје заеднички концерт ќе одржат Мартин Џорлев (гитара), Нинослав Спировски (саксофон, кларинет) и Мартин Георгиевски (електроника). Влез е препорачана донација за музичарите.

Џорлев е широко препознат по својот придонес кон локалната и регионалната сцена, особено преку инди-рок/пост-панк бендот „Луфтанза“.

Нинослав Спировски е џез кларинетист и саксофонист, дел од генерацијата која го поттикна новиот бран на импровизирана музика. Најпознат е по работата со „Светлост“ и Светлост + Одрон ритуал оркестра“, а учествува и во бројни други состави.

Мартин Георгиевски е фокусиран на електронска, амбиентална и експериментална музика, претежно во форма на импровизирани сесии. Има издадено бројни изданија, а музиката ја изведува соло и со повеќе бендови
(Фото: Н. Гелева)