ШОУТО „МАЈКЛ“ НА 10 АПРИЛ ВО СКОПЈЕ СО ГИТАРИСТКАТА НА ЏЕКСОН, ЏЕНИФЕР БАТЕН, И ПЕЈАЧОТ ЛЕНИ ЏЕЈ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пејачот и имитатор на Мајкл Џексон, Лени Џеј, и американската гитаристка Џенифер Батен, која настапуваше со кралот на поп-музиката на неговите светски турнеи, ќе гостуваат во Скопје на 10 април 2027. Музичкото шоу посветено на Џексон ќе се одржи во спортскиот центар „Јане Сандански“.

Лени Џеј е познат по сценските настапи во кои ги изведува најголемите хитови на Џексон, имитирајќи го неговиот глас, танцувачките движења и сценскиот изглед. Неговото шоу „Мајкл“ е посветено на музичкото наследство на поп-ѕвездата и вклучува музичари, танчари и сценски ефекти.

Специјална гостинка ќе биде Џенифер Батен, која речиси десет години свиреше со Џексон и беше дел од неговите светски турнеи.

Според организаторот „Пасворд продукција“, за шоуто досега се продадени повеќе од 500.000 билети низ светот, а Лени Џеј добил поддршка и од семејството Џексон.

Најавени се изведби на најголемите хитови на Џексон, заедно со неговите познати кореографии, визуелни ефекти и сценски настап во траење од повеќе од два часа.

Билетите се во продажба преку „МК тикетс“.

 

(Фото: Ел Дебате)