На 28 јануари од 20.15 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) концерт ќе одржи групата „Парусион“.
Членови на групата се: Трајче Велков на труба, Петар Колевски на саксофон, Зоран Костадиновски на гитара, Јован Цветковиќ на пијано, Иван Бејков на бас гитара, Горан Трајков на тарабука и перкусии и Михаил Парушев на тапани и тапан.
Во ноември во 2025, групата ја сними песната „Дај ми нешто“, (Give me Something). Тапанарот Михаил Парушев ги напиша музиката и аранжманот.
Во синглот пее Катја Корен, пејачка од Словенија која живее во САД, која е авторка на текстот. Гостин на пијано е Марко Црнчец, продуцент е Михаил Парушев, а постпродукцијата ја направи Ивица Јанкуловски од „Алшар студио“.
Инаку, тапанарот Михаил Парушев неодамна го издаде новиот албум „Атер“ „Парусион“.
Гости на албумот се и Зоран Костадиновски на гитара, Драган Полизовски на кавал, Катја Корен, Калина Велковска, Искра Србиновска, Драган Трајковски и Ана Христова како вокали, Иван Бејков, Трајко Симоновски и Мартин Јосифовски на бас гитара, Ѓоле Грујовски на гитара и Јован Цветковиќ, Филип Димишковски и Дамир Имери на пијано. На една композиција свири и џез трубачот Александар Николовски, кој почина во 2021.