Аријана Гранде, Тејана Тејлор, Тимоти Шаламе и други големи ѕвезди годинава на Златните глобуси се збогуваа со светлите боите и наместо тоа избраа црна. Многумина од гостите на свеченоста се држеа до испробаниот и докажан гламур на стариот Холивуд.

Но, дури и во основната црна боја, црвениот килим беше исполнет со лични детали и разиграни украси. 83. издание на Златните глобуси нуди увид во тоа како славните личности ќе ја прикажат својата оригинална визија за модата во сезоната на награди.

Од 1944 година, оваа манифестација ги наградува најдобрите остварувања во филмот и телевизијата. Црвениот килим во хотелот „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс претставуваше можност номинираните да испратат силна порака, иако некои од нив се врзани за модни куќи, кои им плаќаат како свои амбасадори.

Според „Вог“, вечерта беше во знакот на раскошниот сјај. Биле потребни недели, ако не и месеци, за да се реализираат многу од специјално изработените креации. На пример, на вработените во „Шанел“ им биле потребни 323 часа за црниот кадифен корсет-фустан на Селена Гомез (фото), со над 200 цветови направени од пердуви, органза и свилен шифон. Исто така, на тимот на „Версаче“ му биле потребни 400 часа за белиот фустан без прерамки на Аманда Сајфрид.





