ЅВЕЗДАТА НА „АДОЛЕСЦЕНЦИЈА“ ОВЕН КУПЕР СТАНА ВТОРИОТ НАЈМЛАД МАШКИ ДОБИТНИК НА ЗЛАТЕН ГЛОБУС

Лос Анџелес, (Вараети)

Шеснаесетгодишната ѕвезда на хит-серијата „Адолесценција“ Овен Купер стана вториот најмлад машки добитник на Златен глобус откако ноќеска триумфираше во категоријата најдобра споредна улога.

Рекордер останува Рики Шродер, кој имаше само девет години кога освои Златен глобус во 1980 за филмот „Шампионот“.

„Стоењето овде на Златните глобуси воопшто не изгледа реално. Какво неверојатно патување поминавме јас и моето семејство“, рече Купер во својот говор.

Тој се присети дека бил единственото момче во неговиот клас по драма и иако се срамел, се справил со тоа.

Купер претходно освои и Еми за најдобра споредна улога во минисерија, станувајќи најмладиот машки добитник во историјата на овие награди. „Адолесценција“ беше негово актерско деби, а оваа година ќе се појави во новата филмска адаптација на „Оркански височини“ со Марго Роби и Џејкоб Елорди.

(Фото: Гети)