ОВЕН КУПЕР ГИ ОСВОИ СИТЕ ГЛАВНИ ТЕЛЕВИЗИСКИ НАГРАДИ ЗА УЛОГАТА ВО „АДОЛЕСЦЕНЦИЈА“

Лондон, (ИМДБ)

Актерот Овен Купер влезе во телевизиската историја откако ја освои наградата БАФТА ТВ за најдобра споредна улога за серијата „Адолесценција“. Шеснаесетгодишниот Купер ја доби оваа награда за својата прва улога, со што заокружи, според критичарите, извонреден пат за толку млад актер.

За нешто повеќе од една година откако излезе серијата на „Нетфликс“, Купер доби и Еми, Златен глобус и наградите од критичарите и од актерите, со што стана најмладиот актер кој ги освоил сите четири големи американски ТВ-награди за една улога.

„Искрено, ова е прилично голема работа. Минатата година во ова време врачував награда, а сега примам една, така што ова е малку неверојатно“, рече Купер на доделувањето на БАФТА наградите.

Купер во меѓувреме глумеше во новата филмска адаптација на „Оркански височини“ и сними уште два филма, кои допрва треба да излезат.

(Фото: Гети)